Информации за бизнис центарот

Формирањето на Регионалните бизнис центри во осумте плански региони е засновано на одлука на Владата на Република Македонија на осмата (тематска) седница, одржана на 29 август 2011 година. При донесување на одлуката користени се споредбени анализи од ГИЗ-РЕД за постојната состојба со услугите за поддршка на приватниот сектор во планските региони во Македонија. Од страна на засегнатите страни, а особено од приватниот сектор, Регионалните бизнис центри во рамки на Центрите  за развој на планските региони се согледани како обид за проширување на јавните институции на локално ниво. Исто така, засегнатите страни се јасни и прецизни дека е потребно новите функции и услуги да се фокусираат на создавање на ефикасен и ефективен институционален амбиент на ниво на плански регион за поддршка на приватниот сектор.

Продлабочениот увид во постојната состојба докажува дека потребите на приватниот сектор на локално и регионално ниво не се потполно задоволени и приотоа како приоритетни нови услуги се наметнуваат оние услуги со кои ќе се адресираат воочените тесни грла како што е недостатокот на соодветна координација на активностите подржани со јавни средства, ефективноста на пристапот до информации и зголемување на степенот на учество на приватниот сектор во носењето на соодветни одлуки на локално и регионално ниво. Поради нивните силни страни и можностите кои им се на располагање регионалните бизнис центри во предвидената институционална форма (во рамки на ЦРПР) логично се наметнуваат за  улогата на координатор на активностите на регионално ниво кои се спроведуваат од страна на националните институции и организации и нивните мрежи на локално и регионално ниво, но и да ја забрзаат/олеснат комуникацијата на националните со локалните институции и организации како и со приватниот сектор.

Регионалните бизнис центри во рамки на Центрите  за развој на планските региони се природно најсоодветни за вклучување во планирањето и следењето на степенот на рамномерниот економски развој, особено во комуникацијата со бизнис секторот, но и во планирањето и мониторингот на регионалните индикатори за економски развој и развој на претприемништвото и економските сектори.

За спроведувањето на функциите и услугите на Бизнис центрите неопходен е стратешки и сеопфатен пристап и првенствено стратешко дефинирање на мандатот, обемот,  улогата  и надлежноста на Бизнис центрите. При дефинирањето на нивната улога како главни тела на регионално ниво за планирање, координирање, мониторирање, синхронизирање на активности и информирање – едуцирање за поддршка и развој на приватен сектор на регионално ниво, треба да се земат во предвид многу стратешки прашања, фактори и  политики, чие дефинирање ќе овозможи основа за систематизиран одржлив регионален развој.

Позицијата на Центрите  за развој на планските региони во аспект на предложените услуги за бизнис секторот е прикажана во следниот приказ.

 

Позицијата на Центрите  за развој

 

Адреса

Центар за развој на Пелагониски плански регион
Ул.Томаки Димитровски бр.7
7000 Битолa
Тел: +389 47 232 800
Емаил: info@pelagonijaregion.mk
Веб: www.pelagonijaregion.mk

 

Бизнис Центар

Контакт лице – Владимир Величковски
Моб: +389 76 260 709
Емаил: leader@pelagonijaregion.mk
Веб: www.investinpelagonijaregion.mk