Јавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст

 

Фондот за иновации и технолошки развој објави нов јавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.
Целта на повикот е да се поддржат домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 6 милиони евра.
Апликантот обезбедува минимум 30% за микро и мали претпријатија, односно 40% за средни претпријатија.
Рокот за аплицирање е до 15.06.2022 година, до 16.00 часот. За сите дополнителни прашања пишете на: [email protected]
Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости