ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ВО 2018 ГОДИНА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ
Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија ОБЈАВУВААТ ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ВО 2018 ГОДИНА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ во следните категории (посебно за големи и мали/средни претпријатија):
Oднос кон вработените
Eтичко управување
Односи на пазарот кон снабдувачите, потрошувачите или купувачите
Однос кон животната средина
Вложување во заедницата
Во конкуренција на сите апликации од петте категории, ќе се додели и Признание за најинвентивен проект или практика.Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија. Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории. Големината на инвестицијата во одредена практика, не е одлучувачки фактор, туку идејата, квалитетот на проектот, како и постигнатите резултати. Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии.
Краен рок за поднесување на пријавите e 3- ти септември 2018 година.
Повеќе информации на следниот ЛИНК