Финансиски инструменти за иновативни проекти достапни за македонските фирми

 

Македонските компании можат да ги користат најновите финансиски инструменти за поддршка на иновативни бизниси на Европската инвестициона банка (ЕИБ) за поддршка на мали и средни претпријатија.

Се имаат утврдено и категоризирано неколку сегменти за финансирање банки и финансиски посредници, средни и големи иновативни бизниси, како и големи истражувачки и иновациски проекти кои произлегуваат од универзитетите и од истражувачките организации. Исто финансиски средства има и за пилот-проекти во областа на обновливите извори на енергија, проекти за вакцини, лекови, медицински и дијагностички уреди.

Од страна на ЕИБ директното финансирање ќе се однесува само за поголеми проекти кои се со вредност помеѓу 15 и 20 милиони евра, а финансирањето на мали и средни компании или обезбедување на потребни гаранции од страна на ЕИБ ќе се одвива преку финансиските институции, поточно банките. Станува збор за финансии на ЕУ за иноваторите „Инов фин“ (InnovFin), заедничка иницијатива лансирана од европската група на инвестициони банки (ЕИБ и ЕИФ) во соработка со Европската комисија преку програмата „Хоризонт 2020 година.

Категории

Последни Новости