Фонд за иновации и технолошки развој – Трет јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под инструментот за поддршка – КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВО ОСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА „СТАРТ-АП“ И „СПИН-ОФ

 

Фондот за иновации и технолошки развој објави трет јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за ново основани трговски друштва “Старт-ап“ и “Спин-офф“. Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (што не се постари од 6 години) – „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани, кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.

За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 450.000 (четиристотини и педесет илјади) евра, односно 27.762.750 (дваесет и седум милиони, седумстотинишеесет и две илјади и седумстотини и педесет) денари.

Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. За преостанатиот износ, како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот по друг основ или средствата од која било друга државна помош.

Краен рок за аплицирање е 01.08.2016 година.

Повеќе информации за повикот, на следниот линк.

Ознаки:

Категории

Последни Новости