Информативна средба во Битола за презентирање на програмите Хоризонт 2020 и Косме

Информативна Средба

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот ”Проширување на функциите на центрите за развој на плански региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор” финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа на РМ, на 13-ти ноември 2015 година организира информативна средба за приватниот сектор од регионот за презентирање на програмите Хоризонт 2020 и Косме.

Целта на оваа средба беше да се претстават можностите за финансирање  на бизнисите преку користење на финансиски средства од овие програми.

Средбата беше организирана во соработка со претставници од Регионалната стопанска комора од Битола, каде заедно со претставници од ЦРППР ги презентираа своите познавања за програмите, со што уште еднаш потврдија дека поседуваат капацитет и човечки ресурси за имплементирање  на проекти и консултантска поддршка за аплицирање на проекти во програмите Хоризонт 2020 и Косме.

На средбата исто беше презентирано и Порфолиото на услуги на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, достапно за приватниот, граѓанскиот и јавниот сектор.  Во таа насока ЦРППР е подготвен да дава услуги за општо информирање преку постоечките веб портали и директни средби со заинтересираните страни за различните можности за финансирање, поддршка за подготовка на предлог проекти до национални и меѓународни фондови, услуги за спроведување на обуки, изработка на анализи, организирање на кампањи и промотивни настани и др.

Категории

Последни Новости