Информативни настани на тема: „Можности кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020 ”

Центар за развој на пелагонискиот плнски регион

 

Ве покануваме на информативни настани во Пелагонискиот регион на тема: „ Можности кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020”, кои ќе се одржат:

-1-ви февруари 2017 година со почеток од 11 часот во зградата на општина Прилеп

-1-ви февруари 2017 година со почеток од 16 часот во зградата на општина Могила

-2-ри февруари 2017година со почеток од 11:00 часот во малата сала на Центар за култура Битола

Информативните денови се во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенција за поттикнување на равој на земјоделството и Платежната Агенција (АФПЗРР).

Целта на овие средби да се информираат потенцијалните апликанти за можностите кои ги нуди новата ИПАРД Програмата 2014-2020. На овој настан акцент ќе се стави на две мерки: “Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи” и “Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 2014-2020 и ќе се разгледуваат прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување на барања, склучување на договори, поднесување на барања за исплата, проблеми од претходниот програмски период ИПАРД 2007-2013 година.

 

Ознаки:

Категории

Последни Новости