Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании

 

 

Германската стопанска комора во Македонија, заедно со останатите регионални комори во соседните земји, германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика (BME е.V.) и Организацијата за меѓународна соработка ГИЦ го организира Б2Б проектот: „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании“.

Целта на проектот е, во рамките на еднодневниот настан во Дортмунд, избраните компании од земјите на западен Балкан да се сретнат со германски компании заинтересирани за воспоставување деловни контакти со производители од нашиот регион, односно со нивни нови потенцијални добавувачи на стоки и услуги од определени бранши.

Механизмот на проектот се базира на „Б2Б- платформа за matchmaking“. Ќе бидат застапени следните бранши/сектори на Балканот: машински компании и компании за изградба на постројки, добавувачи од автомобилската индустрија, металопреработка општо, преработка на пластични материјали, леарници, производители на цевки, делови од гума, метални производи за индустријата, компании за изградба на метални конструкции, производители на транспортни ленти како и производители на делови за транспортни ленти, електротехника, електро хардверско инжењерство, дури имаме и два набавувачи од  браншата за изработка на мебел.

За повеќе информации на http://mazedonien.ahk.de ,  тел. 00 389 2 322 88 24 или пишете на  меил: [email protected] 

Ознаки:

Категории

Последни Новости