Јавен конкурс по редовна постапка за Кофинанисрани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“и „спин-оф“ 4

 

Фондот за иновации и технолошки развој на ден 09.06.2022 година, објави Јавен конкурс за поднесување на предлог – проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“.

Целта на инструментот е да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој. Дополнително, се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.

Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.

Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка:
– до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 40.000 (четириесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва до 3 (три) години постоење до моментот на аплицирање или за трговско друштво кое ќе се основа во рок од 30 дена по прием на Известување за селекција на предлог проект (во случај кога како апликант се јавува тим), односно
– до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 60.000 (шеесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва со над 3 (три), а помалку од 6 (шест) години постоење до моментот на аплицирање.
Преостанатиот износ од 10% (десет проценти), односно 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет за проект треба да биде обезбеден од страна на апликантот.

Рокот за аплицирање е до 08.08.2022 год., до 14.00 часот. Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК

Категории

Последни Новости