Јавен конкурс за инструмент за поддршка: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф – СТАРТАПУВАЈ 3!

 

Фондот за иновации на ден 28.04.2021 година, објавува Јавен конкурс за за финансирање под инструмент за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“.

Преку овој Инструмент се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.

Поддршката ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација.

Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за старт-ап и спин-оф компании е до 12.06.2021 год. до 14.00 часот.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости