ЈАВЕН ОГЛАС до работодавачите за учество во Програмата за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик

Agencija za vrabotuvanje na Republika Makedonija

 

Се повикуваат заинтересираните работодавачи кои имаат потреба за вработување на евидентирани невработени лица (целна група), и тоа:

  1. Корисници на социјална парична помош
  2. Лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа (корисници  на парична помош 18-26)
  3. Лица кои биле корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно образование
  4. Членови на семејства корисници на едно од следниве права: постојана парична помош, и детски додаток
  5. Жртви на семејно насилство кои се сместени во шелтер центри или чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика
  6. Лица кои биле корисници на државна стипендија во последните 15 години и чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика
  7. Лица до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

да аплицираат за учество во програмата која вклучива месечна субвенција на бруто плата, со обврска работникот да се задржи дополнителни шест месеци на работа.

  • Субвенцијата ќе се исплаќа во два износа – еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи. Понискиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 14.900,00 МКД по вработено лице, а повисокиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 17.000,00 МКД по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување. Дополнително на ова, во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционираното вработување, на работодавачот ќе му се исплаќаат по 5.000,00 МКД по вработено лице преку оваа програма и истите ќе бидат наменети за покривање на трошоците за обука и материјали.
  • Работодавачот нема да смее на вработените да им исплаќа плати пониски од добиената субвенција (бруто месечна плата) во периодот од 6 месеци субвенционирано вработување.
  • Заинтерисираните работодавачи, пријави можат да поднесат во работните клубови на 30-те Центри за вработување во РМ. Огласот ќе биде отворен до 07.2016 година.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување во Република Македонија.

Ознаки:

Категории

Последни Новости