Јавен оглас за пријавување на МСП за енергетска ефикасност – Министерство за економија

Ministerstvo za ekonomija na Republiika Makedonija

 

Министерствто за економија на РМ согласно доделениот договор за јавна набавка за “Кампања за штедење на енергија наменета за мали и средни претпријатија и претпријатија – големи потрошувачи на енергија” објавува оглас за пријавување на 10 МСП од повеќе градови и региони од земјата за утврдување на актуелната потрошувачка на енергија, едукација за пополнување на прашалник, со подготовка на Акционен план за спроведување на проекти.

Спроведувач на кампањата е организацијата МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија.

Во рамките на проектот ќе се спроведуваат активности за едукација за изработка на Акционен план за мерки на заштеда, обуки во врска со мерење и управување со потрошувачката на енергија во претпријатијата, со цел да им се помогне на претпријатијата во развивање на проекти за енергетска ефикасност за добивање на финансиски средства и презентирање на можностите за примена на определени специјализирани софтверски алатки за анализа на потрошувачката на енергија.

Заинтересираните претпријатија треба да достават пријава до Министерството за економија најдоцна  до 22.07.2016 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Категории

Последни Новости