ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2022 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

 

1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следната мерка:

Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:

  • 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 6 септември 2022 година

Напомена: Заради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, крајниот рок за реализација на инвестиции со овој Јавен повик e 31.05.2023 година, додека, рокот за поднесување на барањата за исплата е 30.06.2023 година.

5. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 5.028.568,00 евра или 310.237.491,00 денари со можност истата да се зголеми за времетраење на јавниот повик.

Повеќе информации прочитајте на следниот ЛИНК

Категории

Последни Новости