Јавен повик Дигитализација на земјоделство

 

Фондот за иновации и технолошки развој на ден 16.03.2021 година, го објави јавниот повик за Дигитализација на земјоделство во партнерство со Минстерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

Во рамки на предизвикот „Дигитализација на земјоделството“ секој Натпреварувач има можност да достави предлог решение во една од следните категории:

  • ПАМЕТНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО / Smart farming
  • ПРЕЦИЗНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
  • РОБОТИКА И АВТОМАТИЗАЦИЈА
  • БИОТЕХНОЛОГИЈА (BIOTECH)
  • БАЗИ НА ПОДАТОЦИ И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
  • ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ПОСТ-БЕРБЕНИ АКТИВНОСТИ И ПРЕРАБОТКА
  • ДРОНОВИ И САТЕЛИТИ
  • ИНТЕРНЕТ НА НЕШТА (Internet of things – IoT)

За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува финансирање до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.500.000 (еден милион и петстотини илјади) денари. Од страна на Натпреварувачот треба да бидат обезбедени минимум 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.

Јавниот повик е наменет за стартапи кои можат да понудат иновативно и/или технолошки напредно решение сами, или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност или друго претпријатие.

Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 16.04.2021 година, до 14:00 часот.

Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости