ЈАВЕН ПОВИК ФИТР – ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ

 

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука (МОН) Ве повикуваат да учествувате на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи. Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување. Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што се на пример истражувачки есеј, изработка на проектна задача, изработка на прототип, аудио-визуелен материјал, дигитален материјал и слично.

 

Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 2.500.000 (два милиони и петстотини илјади) денари.

Ќе бидат доделени награди во две категории:

• Категорија 1: Истражувачки проекти во основното образование
• Категорија 2: Истражувачки проекти во средното образование

 

Буџетот на поединечен предлог проект не може да надминува 300.000 (триста илјади) денари.

Повикот се однесува на сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија кои имаат креативни ученички и ученици со желба да истражуваат и освојуваат награди.

Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости