Објавен јавен повик за избор на советници за претприемништво

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија во месец јануари 2016 распиша продолжување на јавен повик за Избор на советници за претприемништво во Програмата на ваучерско советување. Јавниот повик е отворен од 21.01.2016 година до 22.11.2016 година.
Во тој период Агенцијата ќе врши прием на поднесените пријави, а отварањето ќе биде секој последен вторник од месецот, започнувајќи од месец февруари заклучно со месец ноември 2016 година. Пријавите треба да пристигнат до 15:00 часот еден ден пред отварањето. Пријавите кои ќе пристигнат по утврдениот рок ќе се земат предвид во следното отварање.

НАПОМЕНА: Ваучерскиот систем на советување претставува интегрален дел од Програмата за самовработување 2016, која е составен дел од Оперативниот план на Министерството за труд и социјална политика за реализација на за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година. Во таа смисла, заради целосно покривање на територијата на РМ со советници за претприемништво, особено е потребно доставување на апликации за советници за изработка на деловен (бизнис) план.

Повеќе информации.

Категории

Последни Новости