ЈАВЕН ПОВИК – субвенционирање за туристички цели на селски домаќинства

Ministerstvo za ekonomija na Republiika Makedonija

 

Министерството за економија согласно Програмата за развој на туризмот за 2017 година објави јавен повик за субвенционирање за туристички цели на селски домаќинства.

Право на учество на овој повик имаат сите физички лица кои вршат угостителска дејност и кои се категоризирани согласно Правилникот за начинот и поблиските критериуми за добивање на ознака во селските домаќинства во руралните средини од Законот за угостителска дејност.

Субвенционирањето ќе се врши преку кофинансирање до 60% од докажаните трошоци , но не повеќе од 200.000 денари кои ќе се направат за следните намени:

-објектот да е уреден и опремен согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа
-да подготвува и послужува топли  и ладни јадења, пијалоци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа
-да нуди услуги за сместување (најмногу до 10 соби односно 20 легла)
-надворешниот изглед на куќата да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредна

Повикот е отворен до 30-ти септември 2017 година. Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости