Јавен повик за бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза

 

Објавен е Јавниот повик за нова бескаматна кредитна линија за компании погодени од енергетската и економската криза. Аплицирањето почнува од 11 мај 2022 година, 09:00 часот и ќе трае 15 дена со електронско поднесување на барања.
За кого е кредитната линија?
– микро трговски друштва
– мали трговски друштва
– средни трговски друштва,
– трговци поединци (ТП),
– занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход)
со приоритетна шифра на дејност согласно Листа на прифатливи класи на дејности објавени во Јавниот повик
Минимален износ: 185.000 денари
-Максимален износ: 3.000.000 денари
Рок на отплата: 12 или 18 месеци, со грејс период од 6 месеци
Можност за грант компонента: 10% или 20%
Повеќе информации за јавниот повик на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости