ЈАВЕН ПОВИК за доделување финансиски средства за реализација на програма (проект) на здруженијата на потрошувачите

 

Министерството за економија објави јавен повик за доделување финансиски средства за реализација на програма (проект) на здруженијата на потрошувачите.  Програмата (проектот) ги содржи следните активности:

1.Одржување на работна средба за имплементација на нов Закон за општа безбедност на производите со новите директиви на ЕУ и новиот закон за технички прописи на производи и оцена на сообразност

2. Зголемување на транспарентноста на информациите за потрошувачите, едукацијата  и обезбедување на поддршка за невладини организации  на потрошувачите

3.Обезбедување на повисоко ниво на заштита на потрошувачите преку изработка на нов предлог закон за алтернативно решавање на спорови со соодветна ЕУ регулатива

4. Координација на активностите за надзор и зајакнување на соработката помеѓу институциите вклучени во заштитата на потрошувачите и поддршка на невладиниот сектор за обезбедување  информации и помош за потрошувачите.

 

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости