ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ – ФИТР
Фондот за иновации и технолошки развој на 28.04.2018 година објави Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансиска поддршка преку следниве инструменти за поддршка:
- Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“)
- Кофинансирани грантови за микро претпријатија
- Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста
- Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.
-
Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“)
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст во насока да станат „Газели“. Преку овој Инструмент се обезбедува финансирање до 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 10.000.000,00 денари (десет милиони денари) по апликант. Преостанатиот износ од најмалку 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.
-
Кофинансирани грантови за микро претпријатија
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на микро претпријатија. Преку овој Инструмент се обезбедува финансирање до 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 5.000.000,00 денари (пет милиони денари) по апликант. Преостанатиот износ од најмалку 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.
-
Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за развој и примена на иновативни решенија на претпријатија. Преку овој Инструмент се обезбедува финансирање до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 20.000.000,00 денари (дваесет милиони денари) по апликант. Преостанатиот износ од најмалку 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.
-
Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица до 29 години. Преку овој Инструмент се обезбедува финансирање до 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 1.000.000,00 денари (еден милион денари) по апликант. Преостанатиот износ од најмалку 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да биде обезбеден од апликантот.
Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.