ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво во туризмот

 

Согласно Програмата за развој на туризмот за 2022 година Министерството за економија објави ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво во туризмот.

Предмет на јавниот повик е субвенционирање на туристички и угостителски претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци но не повеќе од 100.000,00 денари, по апликант направени за следните намени:
-Набавка на опрема и алати;
-Уредување/подобрување на деловниот простор или
-Одржување на обуки за вработените за подобрување на квалитетот на услугата

Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2021 и 2022 година.
Право на учество имаат:Правни субјекти Лиценцирани или Категоризирани, регистрирани со шифра на дејност 79.11, 79.12, 55.10 и 56.10, во сопственост на жени над 50% и управувани од жени.

Крајниот рок за аплицирање по овој Јавен повик е до 30.06.2022 година.

Барањето со комплетната документација се поднесуваат скенирани по електронски пат со претходна регистрација на платформата oglasi.economy.gov.mk

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости