ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис

CRPPR Logo

 

Објавен е јавен повик за „Натпревар во бизнис план“, во рамки на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување”, финансиран од Европската унија. Ќе бидат наградени вкупно 5 бизнис планови, а секој од нив ќе биде финансиран со најмногу 3.000 евра во денарска противредност. Услов за добивање на паричната награда е формирање на компанија, а носителите на бизнис планот воедно мора да бидат основачи и сопственици на компанијата.
Право на учество на повикот имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години, со посебен фокус на припадници на етничките малцинства и жени. Секој учесник на натпреварот има право да аплицира само со еден бизнис план, а со еден бизнис план може да учествува тим од најмногу 4 лица.

Јавниот повик е отворен до 05.03.2017 (недела), до 23:59 часот. Апликантот е потребно да го пополни образецот Урнек за бизнис план достапен во објавата на јавниот повик и да го достави на [email protected].

Повеќе информации на следниот линк.

Категории

Последни Новости