ЈАВЕН ПОВИК за кофинансирање на дел од трошоците за одобрени проекти поддржани во рамки на ЕУ програмата COSME

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година Министерството за економија објавува јавен повик за кофинансирање на дел од трошоците за одобрени проекти или проекти кои се во фаза на одобрување во рамки на ЕУ програмата COSME, за поддршка на малите и средни претпријатија преку кофинансирање на 20% од потребните средства  за проект одобрен  од програмата COSME, но не повеќе од 1.000.000 денари.

Право на учество на јавниот повик имаат компании или конзорциуми кои добиле  проекти или е во постапка на добивање на проекти во рамки на ЕУ програмата COSME и чии што проекти ќе бидат активни за најмалку една година од денот на објавување на повикот.

Барањата за кофинансирање на проекти со комплетната документација се доставуваат  до Министерство за економија заклучно со 20.09.2018 година.

Повеќе информации за јавниот повик на следниот ЛИНК

 

Категории

Последни Новости