Јавен повик за кофинансирање на едукација на вработени
Согласно програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година Министерството за економија објави јавен повик за кофинансирање на едукација на вработени кои ќе посетат обуки значајни за нивната професионална надоградба но и важна за развојот на претпријатието.
Максимален износ за кофиансирање изнесува до 50% од докажаните трошоци , но не повеќе од 12.000 денари по вработен. Ќе се кофинансираат трошоци за максумум 2 вработени по апликант.
Средствата не се наменети за кофиансирање на трошоци за следните обуки: странски јазици, основни познавања за работа со компјутери, здравство, земјоделие.
Рокот за аплицирање е до 31.08.2018 година.
Повеќе информациина следниот ЛИНК.
Ознаки:едукација јавен повик