ЈАВЕН ПОВИК за кофинансирање на претпријатија за купување на опрема, инструменти и алат кои ќе се користат за обука, настава на лица за стекнување вештини и квалификации

 

Врз основа на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, Министерството за економија објави јавен повик за кофинансирање на претпријатија за купување на опрема, инструменти,  и алат кои ќе се користат за обука, настава на лица за стекнување вештини и квалификации, преку кофинансирање на дел од трошоците и тоа до 50% од докажаните трошоци но не повеќе од 400.000 денари по барател.

Право на учество имаат сите активни претпријатија кои имаат важечко решение за:

-Верификација на посебна програма за образование на возрасни издадено од ЈУ Центар за образование на возрасни
-Верификација на институција / установа за образование на возрасни  издадена од страна на МОН

Рок за поднесување на барања  е до 16.09.2019.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости