ЈАВЕН ПОВИК За кофинансирање на проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството

 

Министерството за економија објави јавен повик за кофинансирање на проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството. Предмет на повикот е кофинансирање на 75% од трошоците за реализација на проекти на занаетчиските комори кои се однесуваат на развој и промоција на занаетчиството. Финансиската поддршка се однесува за следните видови на проекти:

-Организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности
-Поттикнување на креативни занаети
-Организирање на форуми
-Организирање на промотивни активности
-Јакнење на свеста за придобивките од легализација на занаетчискиот бизнис
-Активности за зачувување на старите занаети

Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК

Категории

Последни Новости