ЈАВЕН ПОВИК за кофинансирање на проекти за програмски активности на мрежите на бизнис ангели

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година Министерството за економија објавува  ЈАВЕН ПОВИК за кофинансирање на проекти за програмски активности  на мрежите на бизнис ангели. 

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на програмски активности на мрежите на бизнис ангели во Република Македонија кои се во насока на промовирање на концептот на бизнис ангели како алтернативен инструмент за финансирање на малите и средни претпријатија преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 500.000 денари поединечно за секоја мрежа-барател и тоа за реализација на проекти кои вклучуваат:

  • Обуки/тренинг на претприемачи за средба со бизнис ангели;
  • Обуки/тренинг, размена на искуства и стекнување на неопходните вештини на потенцијални инвеститори (бизнис ангели) за водење на постапката на инвестирање;
  • Организирање средби меѓу претприемачи и бизнис ангели за презентирање на бизнис идеи
  • Промотивни активности за концептот на бизнис ангели

Право на учество на јавниот повик имаат активни претпријатија и фондации и здруженија на граѓани кои работат како мрежи/клубови на бизнис ангели во Република Mакедонија и кои се членки на Европската мрежа на бизнис ангели (EBAN: The European Trade Association for Business Angels, Seed Funds and Early Stage Market Players ), пред денот на објавување на овој јавен повик.

Барањата за кофинансирање на проекти со комплетната документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, ул. “Јуриј Гагарин” 15, Скопје заклучно со 18.06.2018 година.

Повеќе информации на следниот ЛИНК

Категории

Последни Новости