Јавен повик за поддршка на патенти

 

Предмет на Јавниот повик е доделување финансиски средства за поддршка на патенти за кои се предвидени вкупно 300.000,00 денари за следните активности:

1. Истражување на пазарот за комерцијализација на патенти;

2. Трошоци за учество на домашни и меѓународни настани за иновации и

3. Трошоци за аплицирање за испитување на патенти во меѓународни организации.

Министерството за економија надоместува дел од трошоците на иноваторите и тоа во износ од 75% од докажаните трошоци, но не повеќе од 75.000,00 денари поединечно за секој барател на средствата.

Право на учество на јавниот повик имаат иноватори – физички лица државјани на Република Македонија, кои се занимаваат со истражување и развој на нови производи, процеси и услуги или подобрување на веќе постојните производи, процеси и услуги. Барањето за аплицирање и упатството за подготвување на извештај за реализираниот проект со индикатори за успешност се достапни на ВЕБ страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk и www.konkurentnost.mk или може да се подигнат од архивата на Министерството за економија (образец 2 ПКИП 2016 ИП и Упатство)

Ознаки:

Категории

Последни Новости