ЈАВЕН ПОВИК за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар

 

Согласно програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година Министерството за економија објави јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачката индустрија – за развој на деловен субјект, развој на производ и развој на пазар. Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловен субјект, производ и пазар за кои се предвидени вкупно 2.500.000 денари.

Краен рок за доставување на барања е 31 август 2018 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Категории

Последни Новости