ЈАВЕН ПОВИК за поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар

Ministerstvo za ekonomija na Republiika Makedonija

 

Министерството за економија во рамките на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година објави јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар.

Предмет на јавиот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за следните активности:

1.1.1 Изработка на нови организациони модели врз основа на ИКТ;
1.1.2 Изработка на техничка документација за нов производ односно за подобрување на постојниот производ;
1.1.3 Изработка на идејно решение и/или печатење на: нова амбалажа, етикетирање, лого на производ и промотивни печатени материјали;
1.1.4 Изработка на студии за истражување на пазарот и/или маркетинг стратегија и/или активности за развој на бренд;
1.1.5 Изработка на проекти за енергетска ефикасност и/или воведување на стандард за енергетски менаџмент ISO 50001
1.1.6 Изработка на проекти за зголемување на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста.

Министерството за економија надоместува дел од трошоците во висина од 75% од докажаните трошоци на барателот, но не повеќе од 180.000,00 денари поединечно за секој барател. Износот на делот на трошоците на барателот кои ги надоместува Министерството за економија ќе се зголеми за процентот на учеството на државната помош за регионален развој на соодветниот регион на кој припаѓа барателот.

Право на учество на јавниот повик имаат деловните субјекти за вршење на производствени дејности во рамки на секторот Преработувачка индустрија, согласно Национална класификација на дејности рев 2 (Службен весник на Република Македонија бр.147/2008 и 4/2013), со претежна дејност/главна приходна шифра во секторот Преработувачка индустрија, без оглед на големината на деловниот субјект.

Краен рок за доставување на барањата: 30 септември 2017 година.

Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости