Јавен повик за работодавачи кои имаат потреба од практиканти

 

Младински Ресурсен Центар iCan во соработка со Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот – Креирање можности за работа за сите – Главна фаза, финансиран преку Програмата на Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ), објавија Јавен повик за работодавачи кои имаат потреба од практиканти за обука, изведување работни задачи и стекнување искуство. Мерката се однесува на ангажирање практиканти за обука, изведување работни задачи и стекнување искуство во период од 3 (три) месеци. Истата има за цел стекнување искуство и остручување на работно место како резултат на учење низ работа. Работодавачот е должен да назначи за кое работно место односно за каков вид работа го пријавува практикантот.
За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход), за периодот за кој се извршува практичната обука. Надоместокот ќе се префрли на сметката на практикантот по истекување на тековниот месец од периодот на договорот, намалена за сметка на законски потребните одбитоци.
Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости