ЈАВЕН ПОВИК за субвенции за туристички цели на селски домаќинства

Согласно Програмата за развој на туризмот за 2022 година Министерството за економија објави ЈАВЕН ПОВИК за субвенции за туристички цели на селски домаќинства.
Право на учество имаат сите физички лица кои вршат угостителска дејност и се категоризирани согласно Правилникот за начинот и поблиските критериуми за добивање на ознака во селските домаќинства во руралните средини од Законот за угостителска дејност.

Субвенционирањето ќе се врши преку кофинансирање до 60% од докажаните трошоци но не повеќе од 200.000 денари со вкалкулиран персонален данок, за следните намени:
-За уредување, опремување или реновирање на објектот согласно традицијата на крајот во која се наоѓа
-Согласно правилникот е потребно објектот да подготвува и послужува топли и ладни јадења, пијалоци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа
-Да нуди услуги за сместување (до 5 соби)
-Надворешниот изглед на куќата да биде без оштетувања и знаци на дотраеност, и околината да биде уредена.

Кај оваа мерка ќе се земат во предвид докажаните трошоци направени во периодот од 01.01.2022 гдоина до крајниот рок за аплицирање  30 Септември 2022 година.
Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости