ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

 

Министерството за економија согласно Програмата за реазвој на претприемништво и конкурентност на мали и средни претпријатија за 2022 година, објави јавен повик за субвенционирање  на микро, мали и средни претпријатија, преку кофинансирање на 30% од докажаните трошоци направени за набавка на машини, до 200.000 денари по барател.

Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоците за набавка на машини настанати во 2021 и 2022 година.

Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија кои вршат претежна дејност (наведена во тековна состојба) кои спаѓаат во секторот Преработувачка индустрија (10-33.20) согласно Националната класификација на дејности.

Краен рок за аплицирање е до 06.05.2022 година.

Повеќе информации за овој повик на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости