Јавен повик за субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година, Министерството за економија објавува јавен повик за субвенционирање на претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, државјани на Република Македонија, преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари, направени за следните намени:

-набавка на опрема и алати;
-уредување и подобрување на деловен простор;
-грижа/чување на деца од предшколска возраст за жени кои отпочнуваат сопствен бизнис (60% од трошоците за градинка или дадилка, но не повеќе од 30.000 денари)

Повеќе информации за јавниот повик, на следниот линк.

За аплицирање на оваа програма, можете да ги користите услугите на Бизнис Центарот во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола.

Категории

Последни Новости