ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени

 

Согласно програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година објави јавен повик за субвенционирање на претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, основани од државјани на РМ, преку субвенционирање на 70% од докажаните трошоци но не повеќе од 150.000 денари, за следните намени:

– набавка на опрема и алати
– уредување / подобрување на деловен простор
– дизајн на производ и изработка на визуелен идентитет на производ/услуга- веб страна, дизајн на логотип, рекламен материјал (до 60.000 денари)

Кофинансирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2017 и 2018 година.

Барањата се доставуваат до Архива на Министерството за економија до 31.08.2018 година.

Повеќе информации на следниот линк

Категории

Последни Новости