Јавен повик за субвенционирање на претпријатија за користење на консултантски услуги

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година Министерството за економија објавува јавен повик за субвенционирање на претпријатија за користење на консултантски услуги преку субвенционирање на 70% од докажаните трошоци но не повеќе од 60.000 денари направени за следните намени:

-решавање на тесни грла во производниот процес

-подготовка на апликации, проекти поврзани со развојот на мали и средни препријатија или економскиот развој

Право на учество имаат претпријатија што се занимаваат со производство или услужни дејности односно чија претежна дејност е во рамките на секторот – преработувачка индустрија согласно НКД Рев.2.

Кофинансирани ќе бидат докажани трошоци за предвидените намени настанати  во текот на 2017 и 2018 година.

Барањата со комплетната документација се доставуваат до Архива на Министерство за економија  до 05.10.2018 година.

Повеќе информации за јавниот повик на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости