ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на претпријатија за сертифицирање на ХАЛАЛ систем

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година Министерството за економија објавува јавен повик за субвенционирање на претпријатија за сертифицирање на ХАЛАЛ систем , преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци направени за оваа намена,   но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата.

Право на учество на јавниот повик имаат сите активни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови:

  • Работење во траење од најмалку шест месеци пред објавувањето на јавниот повик (упис во трговскиот регистар);
  • Имаат деловно седиште на територијата на Република Македонија;
  • Намирени обврски кон државата и вработените

Барањата  со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, ул. “Јуриј Гагарин” 15, Скопје, до 01.10.2018 година.

Повеќе информации за јавниот повик на следниот ЛИНК.

 

Категории

Последни Новости