ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на приватни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди

Ministerstvo za ekonomija na Republiika Makedonija

 

Министерството за економија во рамките на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година објави јавен повик за субвенционирање на приватни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди. Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди. За реализација на оваа мерка се надоместува 70% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 100.000 денари  поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата.

Право на учество на овој повик имаат:

-приватни претпријатија кои се занимаваат со производство или услужни дејности
-приватни претпријатија кои не добиле субвенции во 2015 и 2016 година по основ за оваа намена

Повикот е отворен до 29.09.2017 година. Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости