Јавен повик за субвенционирање на приватни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година, Министерството за економија објавува јавен повик за субвенционирање на приватни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди. За оваа намена во програмата се предвидени средства во вкупен износ од 800.000 денари.

За реализација на  оваа мерка, Министерството за економија надоместува 70% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од  100.000 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата.

Повеќе информации за јавниот повик, на следниот линк.

За аплицирање на оваа програма, можете да ги користите услугите на Бизнис Центарот во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола.

Ознаки:

Категории

Последни Новости