Јавен повик за субвенционирање на приватни претпријатија за тренинг на HACCP тим за воведување, одржување и модификација на HACCP систем

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година, Министерството за економија објавува јавен повик за субвенционирање на приватни претпријатија за тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем. За оваа намена во програмата се предвидени средства во вкупен износ од 300.000 денари.

За реализација на  оваа мерка, Министерството за економија доделува финансиска поддршка за обука до три лица од деловниот субјект, при што за секое обучено лице ќе се доделат до 20.000 денари.

Повеќе информации за јавниот повик, на следниот линк.

За аплицирање на оваа програма, можете да ги користите услугите на Бизнис Центарот во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола

Ознаки:

Категории

Последни Новости