ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на приватни претпријатија за тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем

Ministerstvo za ekonomija na Republiika Makedonija

 

Министерството за економија во рамките на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година објави јавен повик за субвенционирање на приватни претпријатија за тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем. За реализација на оваа мерка се доделува финансиска поддршка за обука до три лица од деловниот субјект, при што за секое обучено лице ќе се доделат по 20.000 денари.

Право на учество на јавниот повик имаат:

-приватни претпријатија што вршат производна дејност од прехранбената индустрија или угостителска дејност (ресторани и хотели)
-приватни претпријатија кои не добиле субвенции во 2015 и 2016 година по основ за оваа намена

Повикот е отворен до 29.09.2017 година. Повеќе информации на следниот ЛИНК.

 

Ознаки:

Категории

Последни Новости