ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ, БИЗНИС ФОРУМИ И ДРУГИ МАНИФЕСТАЦИИ ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ

Ministerstvo za ekonomija na Republiika Makedonija

 

Мининстерството за економија на РМ согласно Програмата за развој на туризмот за 2017 година на 09.03.2017 година објави Јавен повик за субвенционирање на проекти,бизнис форуми и други манифестации од областа на туризмот, кои се одржуваат од страна на туристичкото стопанство , а се од значаен интерес за поттикнување и развој на туризмот во Република Македонија.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, правни лица,  владини и невладини организации од областа на туристичкото стопанство, фондации и здруженија на граѓани, Бизнис центри формирани во општини основани за цел развој на туризмот.

Максимален износ на кофинансирање на трошоците по проект изнесува 60% од вкупната вредност, но не повеќе од 120.000 денари.

Барањата за кофинансирање на проекти со комплетна документација се доставуваат до Архивата на  Министерството за економија, заклучно со 07 Април 2017 година.

Повеќе информации за потребна документација и критериуми за аплицирање на следниот линк.

Категории

Последни Новости