Јавен Повик за субвенционирање на проекти, бизнис форуми и други манифестации од областа на туризмот

 

 

Министерството за економија, согласно Програмата за развој на туризмот за 2016 година на Република Македонија објавува: Јавен Повик за субвенционирање на проекти, бизнис форуми и други манифестации од областа на туризмот.

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на проекти, бизнис форуми и други манифестации од областа на туризмот, согласно Програмата за работа на Министерството за економија, кои се одржуваат од страна на туристичкото стопанство, а се од значаен интерес за поттикнување и развој на туризмот во Република Македонија.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, правни лица, владини и невладини организации од областа на туристичкото стопанство, фондации и здружениjа на граѓани регистрирани според Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр.52/10) и Бизнис Центрите формирани во рамки на општините, основани за цели поврзани со поддршка и развој на туризмот.

Критериуми за оценување на проектите:

  1. Проект – 60 бода
  2. Работна биографија на лицата кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот – 30 бода
  3. Референтна листа на проекти – 10 бода

Еден апликант може да аплицира само со еден проект по овој јавен повик.

Максималниот износ за кофинансирање на трошоците по проект изнесува 60% од вкупната вредност на проектот но не повеке од 120.000 денари.

Трошоците за репрезентација (ручек, коктели), сметки за комуналии (струја, вода, греење) телефон и интернет нема да бидат предмет на кофинансирање.

Барањата за кофинансирање на проекти ги разгледува Комисија формирана од Министерот за економија.

По изборот на апликанти ќе следи склучување на договор помеѓу Министерството за економија и избраниот апликант со која апликантот се обврзува да го реализира проектот.

По реализација на проектот, за истиот треба да се достават финасиски докази за трошоците направени за намената за која се аплицира.

Барањата за кофинансирање на проекти со комплетната документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, ул. “Јуриј Гагарин” 15, Скопје заклучно со  11 Април 2016 година  .

Повеќе информации за јавниот повик, на следниот линк.

За аплицирање на оваа програма, можете да ги користите услугите на Бизнис Центарот во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола.

Ознаки:

Категории

Последни Новости