ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИ МАНИФЕСТАЦИИ, ПРОЕКТИ И ФОРУМИ ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ

 

Согласно програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година Министерството за економија објави јавен повик за субвенционирање на туристички манифестации, проекти и форуми од областа на туризмот, кои се одржуваат од страна на туристичкото стопанство , а се од значаен интерес за поттикнување и развој на туризмот на РМ. Право на учество имаат сите заинтересирани субјекти , павни лица, владини и невладини организации од областа на туристичкото стопанство, фондации и здруженија на граѓани и бизнис центрите формирани во рамки на општините, основани со цел за развој на туризмот.

Барањата за кофинансирање на проекти со комплетна документација се доставуваат до Архива на Министерството за економија, заклучно со 30 март 2018 година.

Повеќе информации на следниот линк

Категории

Последни Новости