ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на занаетчии

 

Согласно програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година објави јавен повик за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, државјани на РМ, преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци но не повеќе од 150.000 денари, за следните намени:

– набавка на опрема и алати
– уредување / подобрување на деловен простор
– изработка на визуелен идентитет на производ/услуга- веб страна, дизајн на логотип, рекламен материјал
– дизајн на производ
– надоместување на трошоци за здобивање на Мајсторска титула
– стручно оспособување на занаетчии

Кофинансирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2017 и 2018 година.

Барањата се доставуваат до Архива на Министерството за економија до 31.08.2018 година.

Повеќе информации на следниот линк

Категории

Последни Новости