ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ЗАНАЕТЧИИ

 

Министерството за економија согласно Програмата за реазвој на претприемништво и конкурентност на мали и средни претпријатија за 2022 година, објави јавен повик за субвенционирање  на занаетчии, преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци направени за набавка на машини и алати, до 100.000 денари по барател.
Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци настанати во 2021 и 2022 година.

Право на учество имаат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност регистрирани согласно Законот за занаетчиство, кои ги исполнуваат дополнителни услови наведени во повикот. Краен рок за аплицирање е до 06.05.2022 година.

Повеќе информации за овој повик на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости