Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2018 година

Министерството за животна средина и просторно планирање на 22-ри февруари 2018 година објави Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2018 година.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуваат правни и физички лица, непрофитни и невладини организации, научни и образовни институции што учествуваат на овој Конкурс се:
• Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес;
• Да не добиле средства или поднеле барање до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и проект/активности за кои поднесуваат барање, а што би значело двојно финансирање на истите проект/активности од различни извори; и
• Да има уредно пополнето барање за добивање на средства.

Рокот на доставување на барањата изнесува 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот во Службен весник на Република Македонија.

Повеќе информации за конкурсот на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости