ИЗ Демир Хисар
Индустриска зона Демир Хисар се наоѓа на ул. Битолска бб., Општина Демир Хисар. Лоцирана е на регионалниот пат Р-416 Битола – Кичево, на 1 км од Демир Хисар. Целосната површина на индустриската зона изнесува 33.349,70 м2, а процентот за градба е 68,25%. Намената на слободното земјиште е за лесна и незагадувачка индустрија, а земјиштето може да биде дадено под закуп и да биде продадено. Почетната цена на земјиштето во оваа индустриска зона изнесува 240,00 ден/м2. Оваа индустриска зона е во целосна државна сопственост. Зоната се уште нема линиска инфраструктура и нема претпријатија кои работат во неа.
Вкупна површина: 33.349,70 м2 (3,335 ха)
Процент на изграденост: 10%
Намена на слободното земјиште : Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија
Сопственост: 100% државна
Контакт: Злате Бошески – Општина Демир Хисар
Телефон: 070/456-117
Email: [email protected]
Веб страна: www.demirhisar.gov.mk
Инфраструктура во зоната: нема линиска инфраструктура
Претпријатија кои работат во индустриската зона: 0
Закуп/продажба: Можност за закуп или за продажба
Почетна цена на земјиште во сопственост: 240,00 ден/м2
Оддалеченост
Оддалеченост од | Километри |
Скопје | 162 |
Автопат Е – 75 | 110 |
Автопат Е – 65 | 97 |
Железничка станица Битола | 30 |
Железничка станица Кичево | 50 |
Аеродром Скопје | 161 |
Аеродром Охрид | 100 |
Аеродром Солун (Р. Грција) | 235 |
Прилеп | 60 |
Битола | 27 |
Крушево | 30 |
Кичево | 50 |
Карактеристики на слободните парцели за градба
Број на градежна парцела |
Површина на земјиште (м2) |
Површина за градба во основа (м2) |
Максимална висина на градба (метри) |
Почетна цена на земјиштето (ден/м2) |
Надомест за уредување на градежно земјиште (ЕУР/м2) |
Намена |
1.1 | 3.505,72 | 2.422,81 | Не е лимитирана | 240,00 | / | Г2 |
1.3 | 3.825,73 | 2.702,46 | Не е лимитирана | 240,00 | / | Г2 |
1.4 | 2.925,62 | 1.946,32 | Не е лимитирана | 240,00 | / | Г2 |
1.7 | 3.415,21 | 2.331,10 | Не е лимитирана | 240,00 | / | Г2 |
Објекти за продажба во општина Демир Хисар
Реден број | Опис | Локација на објектот | Вкупна површина на објектот | Година на изградба | Намена |
1 | Простор во рамки на ООУ “Даме Груев” | с. Смилево, Демир Хисар | 576,00 м2 | 1985/86 | Конфекциско производство |
Селото Смилево е на 15 км од Демир Хисар, а низ Демир Хисар поминува регионалниот пат Битола – Кичево, што овозможува брз врска со поголемите соседни центри и останатиот дел од државата. Погонот се наоѓа во централниот дел од населбата во заедничкиот објект со училиштето и е со обезбеден пристап и паркинг за лесни возила. Локацијата е уредена со потребната инфраструктура.
Погонот е изграден во 1985/86 година како составен дел од училиштето за потребите на населениот од селото, организиран со сите пропратни функции како што се магацински простори, санитарни јазли, помошни простории, приклучен е на електрична мрежа, водоводна мрежа и топловодно греење (заедничко со училиштето). Објектот е сутерен, со вкупна површина од 541 м2 . Погонот во моментот не е изграден.
Макро и микро локациските услови, диспозицијата, внатрешната организација на објектот овозможуваат негова адаптација во друга намена согласно потребите и економскиот интерес на потенцијалните инвеститори. Во минатото, погонот бил користен за конфекциско производство од повеќе домашни и една странска компанија. Погонот е најпогоден за конфекциско производство.
Бројот на работници кој може да биде ангажиран е од 60-80, а во Центарот за вработување во Демир Хисар има невроботени кадри од текстилната струка