ИЗ Опаленик
Индустриска зона Опаленик се наоѓа во местото Опаленик, КО Алданци. Индустриската зона е лоцирана на патот Прилеп – Крушево на 8 км пред влезот на градот. Зоната, со вкупна површина од 12,6 хектари е во целосна сопственост на државата. Зоната има 2 слободни парцели наменети за лесна и незагадувачка индустрија. Во близина на индустриската зона воспоставени се компаниите Еуро Профил, Еко Шар, Инен Декор, дооел Борче. Исто така, во процес е и отварање на нова Туристичка развојна зона, со површина од 35 ха, при што деталниот урбанистички план уште не е донесен.
Вкупна површина: 126.000 м2 (12,6 ха)
Процент на изграденост: 42.62 % од страна на СЕКЕ фабрика за откуп и преработка на тутун
Во фаза на подготовка за градба: 23,11 %
Сопственост: 100% државна, на слободни парцели
Контакт: Татјана Хасану – општина Крушево
Телефон: 075 484 605
e-mail: [email protected]
Веб страна: www.krusevo.gov.mk
Инфраструктура во зоната: делумна линиска инфраструктура
Претпријатија кои работат во индустриската зона: Еуро Профил (производство на електрична опрема), Еко Шар ( производство на млеко и млечни производи), Инен Декор (производство на градежна столарија од дрво), дооел Борче (фабрика за производство на дрвена столарија).
Закуп/продажба: Продажба
Почетна цена на земјиште во сопственост: 61,00 ден./м2
Карактеристики на слободните парцели за градба
Број на градежна парцела |
Површина на земјиште (м2) |
Површина за градба во основа (м2) |
Максимална висина на градба (метри) |
Почетна цена на земјиштето (ден/м2) |
Надомест за уредување на градежното земјиште
(ден/м2) |
Намена |
1.1 | 18.507,00 | 12.820,00 | со АУП | 61,00 | се чека одлука на совет | Г2 |
1.2 | 14.505,00 | 11.647,00 | со АУП | 61,00 | се чека одлука на совет | Г2 |