ИЗ Петилеп
Индустриската зона Петилеп се наоѓа 3,5 км северно од село Могила, на регионалниот пат А3. Индустриската зона Петилеп опфаќа површина од 17,9 хектари. Процентот на изграденост на зоната е 0%. Зоната располага со електрична енергија, водовод, телефонија и патна инфраструктура. Сите 14 парцели се во сопственост на државата, а се наменети за лесна и незагадувачка индустрија. Истите се наменети за продажба, со почетна цена од 1 евро за метар квадратен.
Вкупна површина: 179.000 м2 (17,9 ха)
Процент на изграденост: 0%
Оддалеченост од центарот на општината: 3,5 км
Сопственост: 100% државна сопственост
Намена на слободни локации за градба: Лесна и незагадувачка индустрија
Закуп/продажба: Продажба
Почетна цена на земјиште во сопственост: 1 евро/м2
- Постапката за оттуѓување (продажба) на 7 Градежни парцели во Индустриската зона „Петилеп“ е во тек. Склучен е договор со фирмата: САЈБО ГРУП – Скопје
- Се работи за градежни парцели : ГП 1.1, ГП 1.2, ГП 1.4, ГП 2.1, ГП 2.2, ГП 2.3 и ГП 2.4, сите со намена лесна Г2 – незагадувачка индустрија
Контакт: Гордана Стефановска-Лозановска – Општина Могила
Телефон: 047/296-466
Email: [email protected]
Веб страна: www.mogila.gov.mk
Оддалеченост
Оддалеченост од | Километри |
Автопат E – 75 | 86 |
Пристаниште Солун (Р. Грција) | 190 |
Пристаниште Драч (Р. Албанија) | 258 |
Аеродром Скопје | 150 |
Аеродром Охрид | 50 |
Аеродром Солун (Р. Грција) | 220 |
Граница со Турција | 600 |
Прилеп | 31 |
Битола | 13 |
Охрид | 85 |
Крушево | 42 |
Расположлива инфраструктура во зоната
Електрична енергија | |
Водовод | |
Патна инфраструктура | |
Телефонија |
Карактеристики на слободните парцели за градба
Број на градежна парцела |
Површина на земјиште (м2) |
Површина за градба во основа (м2) |
Максимална висина на градба (метри) |
Почетна цена на земјиштето (ден/м2) |
Надомест за уредување на градежното земјиште
(ЕУР/м2) |
Намена |
1.1 | 21.477 | 15.034 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
1.2 | 10.003 | 7.002 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
1.3 | 1.080 | 756 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
1.4 | 10.735 | 7.515 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
1.5 | 10.620 | 7.434 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
1.6 | 9.667 | 6.767 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
2.1 | 7.885 | 5.520 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
2.2 | 7.800 | 5.460 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
2.3 | 7.680 | 5.376 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
2.4 | 6.837 | 4.786 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
2.5 | 6.860 | 4.802 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
2.6 | 6.876 | 4.813 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
2.7 | 7.018 | 4.913 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
2.10 | 24.963 | 17.474 | П+1 | 61,50 | Се чека одлука на совет | Г2 |
Објекти за продажба
Реден број | Опис | Локација на објектот | Намена | Вкупна површина на објектот |
1 | Старата општинска зграда на општина Добрушево | с. Добрушево, о. Могила | Административни простории | 150,00 м2 |
2 | Нов објект во центарот на с. Добрушево | с. Добрушево, о. Могила | Текстилна компанија, компанија за чевли, малопродажба или угостителски објект | Над
300,00 м2 |
3 | Објект на Месна Заедница Добрушево | С. Добрушево, о. Могила | Малопродажен или угостителски објект | 80,00 м2 |
Старата општинска зграда на општина Добрушево е изградена во 1926 година и е реновирана во 1996 година. Првата намена за овој објект е училишна зграда, за потоа да биде наменет како општинска зграда, а од 2006 година овој објект е слободен. На располагање е 1 кат со вкупна површина од околу 150 м2 што е погоден за административни простории и е во одлична состојба.
Во центарот на с. Добрушево се наоѓа и Дом на Култура кој што е пренаменет во деловен објект и е изграден во 2003-2004 година. Објектот е во карабина состојба и е потребно поврзување со електрична енергија и водовод. Овој објект може да биде наменет за текстилна компанија, компанија за чевли, како магацински простор, малопродажба или за угостителска дејност со сместување. Од неговата изградба, објектот е слободен и не користен.
Како расположливи локации за инвестирање кои се во општина Могила се и двете простории во објектот на Месна Заедница Добрушево, кои имаат површина по 40 м2 или вкупно 80 м2. Локациите се слободни од 2011 година и се погодни за малопродажен објект или угостителски објект.